Нашиот Тим

Вработените во  АД Д-р Пановски се највредната алка во нашиот бизнис. Нивната креативност и професионалност на сите нивоа се основата на нашата компанија. Затоа, со право можеме да кажеме дека тие се нашата сила. Силата е и нашата иднина, која не сакаме да ја предвидуваме, туку да ја создаваме. 

Во компанијата АД Д-р Пановски вработуваме високо квалификувани стручњаци од областа на медицината, фармацијата, био-хемијата и електротехниката. Нашиот тим е мотивиран да обезбеди врвна услуга и поддршка, со стекнато знаење и континуирано дообразование,  дополнето со долгогодишно работење и искуство.

Организациска структура

  • Оддел за јавни набавки
  • Оддел за лабораториска дијагностика
  • Оддел за медицински уреди
  • Оддел за техничка поддршка на медицинска опрема
  • Оддел за фармацевтски производи и регистрација
  • Логистички оддел
  • Оддел за финансии, сметководство и правни работи
  • Оддел за ПР и Маркетинг

Вработени и менаџмент

  • Вкупен број на вработени: 66
  • Основач и сопственик: Д-р. Златко Пановски
  • Менаџмент тим:
    • Златко Пановски – Извршен директор
    • Сузана Сердјук – Финансиски директор
    • Јован Пановски – Неизвршен директор

Квалитет, знаење и искуство

Тимска работа

Секој тим во рамките на Д-р Пановски е одговорен за дел од приказната за успешна македонска веледрогерија. Затоа, сите достигнувања се резултат на креативни, одговорни, независни и професионални вработени. Поттикнувајќи ги  иницијативите и независноста на вработените, овозможуваме развој на идеи и реализација на многу проекти кои резултираат со уште подобар деловен успех. Свесни сме дека успехот на компанијата се заснова на стручноста и мотивацијата на вработените, па преку континуирана обука постигнуваме максимални перформанси на секој вработен и со тоа постигнуваме услови за работа во согласност со најдобрата европска практика.

Пример е балансираната структура на вработените: 59,58% мажи, 41,42% жени.

Задоволството и успехот на нашите деловни партнери е наш успех. Успехот на  Д-р. Пановски е синергија, позитивен став, визија и лидерски и организациски вештини. Систематски го следиме задоволството на нашите корисници и горди сме на довербата што ја стекнаа нашите долгорочни деловни партнери кои ни покажуваат дека ја препознаваат нашата желба да ги исполниме нивните барања и потреби во најкус можен рок.