професионалност
компетенција
ефикасност
квалитет
доследност
Нашите патишта водат до здравје.
Синоним за професионалност, компетенција, ефикасност квалитет и доследност

Компанија АД Д-р Пановски

Со три децении континуирано и стабилно присуство на пазарот, АД Д-р Пановски Скопјe се етаблира како најпрепознатлива и највлијателна веледрогерија во Република Северна Македонија. Основана е во 1991 година, а меѓувреме компанијата стана клучен столб на македонскиот здравствен систем и доверлив партнер на глобалните фармацевтски и медицински брендови.

Главната дејност на компанијата вклучува дистрибуција и продажба на големо на:

  • Лекови и медицински материјали
  • Медицински средства за клучни клинички области: хирургија, кардиологија, радиологија, ортопедија, гинекологија, урологија, хемодијализа, онкологија,  анестезија и интензивна нега
  • Современа медицинска опрема и помагала
  • Лабораториски реагенси и дијагностички системи во областите на биохемија, микробиологија, трансфузиолошка медицина и имунологија
АД Д-р Пановски управува со целосно дигитализиран систем за складирање, следење и дистрибуција, кој вклучува сертифицирани ладилници и специјализиран возен парк за транспорт со контролирана температура - обезбедувајќи целосна усогласеност со највисоките меѓународни стандарди.

5.800 м²

Вкупна површина

3.150 м²

Магацински простор

66

Број на вработени

36

Возила

Компанијата се одликува со интердисциплинарен тим од врвни професионалци - фармацевти, лекари, биохемичари и електроинженери - кои го поттикнуваат технолошкиот и оперативниот напредок, а соработката со реномираните партнери овозможува пристап до најновите терапевтски и технолошки достигнувања.

Со строг фокус на квалитетот, безбедноста и етичките стандарди, АД Д-р Пановски не е само национален лидер на пазарот, туку и референтна точка во Југоисточна Европа за современ модел на веледрогерија.

АД Д-р Пановски е водечка веледрогерија во Република Северна  Македонија, препознаена по својата посветеност, професионализмот, ефикасноста и грижата за клиентите.

Д-р Пановски е основана 1991 година.

Д-р Пановски се развива и напредува со највисоко ниво на квалитет, вредност и иновации во фармацевтската индустрија. Знаеме дека знаењето стекнато со континуирана едукација е поефективно доколку се надополни со искуство стекнато со долгогодишна работа. Горди на нашата традиција, подготвени сме за постојани иновации и подобрување на квалитетот. Денес, благодарение на своето искуство и новите достигнувања, пред  Д-р Пановски е успешна иднина.

АД Д-р Пановски поставува највисоки стандарди за професионалност, подготвеност, ефикасност и квалитет на производите и услугите. Нашата мисија е да го унапредиме здравствениот систем во Северна Македонија, соодветно снабдувајќи аптеки, здравствени установи, болници, домови на здравјето, амбуланти, ординации, веледрогерии и специјализирани продавници.

МИСИЈА

Обезбедуваме висококвалитетни производи и услуги кои целосно ги задоволуваат барањата на клиентите и законодавните регулативи.

Ние придонесуваме за здравјето преку квалитетна и сигурна дистрибуција.

ТРАДИЦИЈА И ИНОВАЦИИ

Инспирирани од традицијата, но и на иновативниот пристап, Д-р. Пановски поставува нови, сериозни стандарди во квалитетот на услугата. Подготвени сме за постојани иновации и подобрување на квалитетот. Благодарение на искуството и новите знаења, насочени сме кон успешна иднина.

ВИЗИЈА

Нашата цел е да станеме лидер во здравствената индустрија преку ексклузивни, иновативни и сигурни решенија кои ги надминуваат очекувањата на клиентите.

Да ја зајакнеме водечката позиција на македонскиот пазар и да бидеме посакуван работодавач и незаменлив партнер во областа на здравството.

ВРЕДНОСТИ

  • Ги инспирираме нашите клиенти со квалитетни производи и извонредна поддршка
  • Почитуваме највисоки професионални и етички стандарди
  • Придонесуваме за подобрување на здравјето на пациентите